Попишани 711.418 лица, а од странство 193.054

Вкупно 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови се попишани заклучно до 20 часот вчера, објави Државниот завод за статистика. Од друга страна 193.054 македонски државјани кои живеат во странство или таму имаат времен престој се самопопишале преку интернет апликацијата почнувајќи од април годинава па заклучно со вчера. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Во април пописот беше одложен за овој месец поради тогашниот трет ковид – бран. Од Државниот завод за статистика веруваат дека попишувањето од епидемиолошка смисла е безбедно бидејќи сите попишувачи се должни да носат маски на лицето, да одржуваат растојание од граѓаните и редовно пред и по секое попишување во домакинствата, мора да ги дезинфицираат рацете и лаптоп уредите. Граѓаните имаат право доколку сакаат да побараат во нивното домаќинство да дојде вакциниран попишувач.

Коментари

коментар(и)