Редовно се игра лото во Куманово

Лото премијата постојано расте. Во наредното коло на Државната лотарија кое се игра вечерва, а се емитува на Канал 5 телевизија за седум погодици изнесува над 8 милиони денари. Кумановци секојдневно, активно учествуваат во игрите на среќа, меѓу кои и лото 7 и Џокер. Тие се надеваат дека новогодишните празници ќе им донесат и бројни награди.

-Редовно уплаќам лото ливчиња и вообичаено секоја среда, бидејќи среда ми е среќен ден. Се надевам на добивка сега за новогодишните празници а понекогаш гребам и грепки-вели една кумановка.

-Лото ми има останато од сеќавање од моите родители, скоро нонстоп играа лото, јас сега помодерни се грепки, не толку често, но од време на време сакам грепки да купувам. Старите мои се уште играат лото-истакна еден кумановец.

Рекордна година по број на лото седумки е 2017-та кога се постигнати дури 5 седумки. ТВ емисиите на лото 7 се реализираат во редовниот термин – секоја среда и сабота од 20:00 часот. Рокот на уплата за тековно коло во среда и сабота останува до 19  часот. Како што гласи мотото на Државната лотарија Играјте лото и застанете под среќната ѕвезда.

Коментари

коментар(и)