Реновирана училница во село Љубодраг

Со сопствени средства на претставници на општинската организација на СДСМ Куманово е реновирана училница во подрачното основно училиште „Христијан Карпош“, во село Љубодраг. Претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски нагласи дека оваа идеја за решавање на деценискиот проблем со училницата,  произлегла од партиска средба. Тој ја повика опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во ваквите акции кои ќе придонесат за будење на општествената свест кај сите добронамерници, приватни, физички лица да инвестираат, донираат за општествено добро.

-Преку лична донација од мене, како Мартин Костовски, секратарот Оливер Илиевски и членот на извршен одбор Ненад Цветковиќ направивме остварување на она ветување што беше дадено пред луѓето на тој состанок, училницата е реновирана, 50 квадрати ламинат, нови прозорци, врати, варосување со што преку оваа донација децата во село Љубодраг ќе имаат можност да учат во елементарно позитивни услови . Да ставиме точка на неосновани препукувања помеѓу политичките партии, да направиме еден предизвик на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ, доколку ние можеме да дадеме донација од наши сопствени средства има уште една училница за реновирање па доколку имаат можност, шанса, желба и волја нека излезат во пресрет на жителите во село Љубодраг да ја реновираат оваа училница.  Околу правно формалниот дел и договорот за донација доколку не знаат како тоа да се направи им стоиме на располагање и слободно може да се обратат до нас-нагласи Костовски.

Директорката на училиштето, Весна Бојковска се заблагодари за донацијата, која истакна дека е значајна за учениците.

-Јас сакам да им се заблагодарам на донаторите што создадоа подобри услови за децата ќе ги замолам сите луѓе да придонесат сите училници да бидат направени и соработката да продолжи и понатаму-нагласи таа.

Училиштето во село Љубодраг го посетуваат ученици од прво до четвртто одделение. Во моментов во него се образуваат 40 ученици, кои работат во три паралелки, од кои две комбинирани.

.

Коментари

коментар(и)