Саем за промоција на СИПР

Потенцијални членови од двете локални акциони групи „Абер 2015 „ и „Осоговски лисец  “ утре и задутре ќе ги промовираат своите производи на саемот за  Североисточниот плански регион , кој што ќе се одржи во Скопје, во Дизајн центарот Јавна соба. Целта е промоција на сите шест општини и нивните потенцијали за развој на руралните средини, а освен производи ќе бидат промовирани и природните богатства и локалитетите во овој регион.  Покрај млекарницата Бучен Козјак, свои прозводи на саемот ќе претстават околу 30 учесници.

-Дел од учесниците се Етно село, Баба цана , Музејот на Крива Паланка,  Музеј Куманово,  Музеј Кратово,  ќе имаме дизајнери, производители на мед и слични такви дејности и фирми, изјави Маја Тасевска, координатор на УСАИД за двата лага

Саемот ќе трае од 12 до 20 часот. Првиот дел ќе биде наменет за промоција, а во попладневите часови ќе се дегустираат јадењата кои што ќе ги приготви истакнат готвач , белгиец со македонско потекло.

– Во попладневните часови ќе учествува Марк Де Јонг каде што ќе приготви интересни кумановски специјалитети и ќе се дегустираат. Ваков саем се организира прв пат од наша страна односно од страна на УСАИД, каде што целта е нашите членови во локалните акциони групи да ги промовираме,  да соработуваат меѓусебно,  да им помогнеме на било каков начин можеме, се надеваме во понатамошен период дека ќе настапиме и со некоја посериозна соработка  со нив, изјави Тасевска.

Настанот е организиран со поддршка од  УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси . Влезот е бесплатен.

 

 

Коментари

коментар(и)