Преку пракса до прво работно искуство

500 невработени лица до 29 години, имаат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство, која што се реализира со средства од ИПА програмата на Европска унија. Мерката се однесува за сите активни баратели на работа со завршено средно или високо образование, со цел да стекнат прво работно искуство.

-Од оваа мерка бенефит имаат и невработените и работодавачите, невработените се стекнуваат со работно искуство како подготовка за нивно идно вработување а работодавачите добиваат нов работник кој го зголемува производството, извршува разни работни задачи кои работодавачот му ги доставува. Интересот може да кажам дека е голем, има доста заинтересирани доколку и натаму некој од работодвачите пројават интерес може да се обратат до центарот за вработување во соба бр 5 -изјави Мира Трајковска соработник за услуги при вработување.

За да учествуваат во активната мерка работодавачите треба да достават аплиција и изјава во агенцијата, по што следува посредство со кандидатите. Условите кои што треба да ги исполнат е да имаат минимум двајца вработени, подмирени даночни обврски, плати и придонеси за осигурување. Во мерката може да учествуваат и невладините организации кои имаат најмалку еден вработен. Од агенцијата информираа дека покрај практиканство, се опфатени уште неколку мерки кои што се наменети за невработените лица и зголемување на нивните професионални вештини и знаења.

-Тука спаѓа мерката обука кај познат работодавач, која таргетира лица кои се невработени со завршено минимум основно или средно образование имаат можност за професионално доусовршување во период до 3 месеци кај работодавачи. Исто така актуелни тековно за невработени лица се обуки за општи вештини кои се наменети за компјутерски вештини, основни, и усовршување на јазици-нагласи Славица Тасевска Симоновиќ локален координатор.

Во рамки на проектот од ипа програмата спаѓаат и обуките за напредни ИТ вештини и дефицитарни занимања. Во моментов во Куманово се реализира обука за сметководство, каде се вклучени 34 лица.  Обуката трае 4 месеци, а по завршување на истата, невработените ќе добијат сертификат.

Коментари

коментар(и)