СДСМ: Екстерното тестирање не го подобрува образованието

Од општинскиот комитет на СДСМ обвинија дека екстерното тестирање кое треба да започне утре, воопшто не придонесува за поквалитетен образовен процес. Портпаролот Сашо Тодоровски нагласи дека истото внесува само дополнителна нервоза и хаос при крајот на учебната година.

-Утре и во петок, власта во заминување на ДПМНЕ, сака на мускули до крај да го спроведе својот необразовен експеримент наречен екстерно тестирање. Тестирањето кое го спроведуваат и го замислиле во никој случај не се поклопува со тоа дека учениците им се на прво место и дека знаењето е моќ. Единствената улога која ја има и ваквото екстерно тестирање е да внесе страв и непотребни проблеми во образовниот процес. Огромен дел од прашањата се со грешки, истите се продаваат по фотокопирници и ги има насекаде на интернет. Новата власт во Макеоднија на една од своите први седници ќе го укине ваквото екстерно тестирање и ќе ги поништи оценките од истото со кое неправедно им е намален просекот на учениците во нивните сведителства-изјави тој.

 

Коментари

коментар(и)