СДСМ организира голема прослава за Бадник

Општинската организација на СДСМ Куманово организира прослава за големиот христијански празник Бадник. Прославата ќе се одржи на градскиот плоштад, со почеток во 20 и 40 минути. Ќе бидат поделени бадникови лепчиња со 10 сребрени парички и еден златник. Присутните ќе ги забававуваат Даниела Темелковска, Оливер и Фамосо бенд и рок триото Зез.

-Како и секоја година, така и оваа, традиционално по 25-ти пат ОО СДСМ Куманово организира прослава за Бадник. Нека овој Бадник биде предвесник на стабилни и храбри одлуки во 2020 година за нас и нашата држава. Среќни божиќни празници Ви посакува ОО СДСМ Куманово-истакна Катерина Пешиќ Бошковска, портпарол ОО СДСМ Куманово.

Коментари

коментар(и)