Седуммина кумановци во централниот одбор на ГРОМ

Седуммина кумановци меѓу кои Виктор Цветковски, кој е и генерален секретар, Зоран Петрушевски, Горан Јовановиќ, Марија Цакиќ, Марта Цветковска, Ивица Андоновски и Марјан Каранфиловиќ, се избрани во централниот одбор на ГРОМ, на Второто собрание на партијата кое се одржа минатата недела во Скопје.  Партијата и наредните четири години ќе ја води Стевче Јакимовски.

-Едногласно, со громогласен аплауз Собранието на ГРОМ донесе одлука функцијата претседател на ГРОМ и во наредниот четиригодишен период да ја извршува Стевче Јакимовски. Добиената доверба од делегатите е признание за огромниот придонес кој тој лично го имаше во основатање и зацврстувањето на позицијата на ГРОМ во победата на Коалицијата  За Македонија заедно на предвремените парламентарни избори. Под мотото Македонија куќа за сите и со начелото Секој човек е еднакво важен, Собранието на ГРОМ ги усвои и правците за свое делување во наредниот период при што уште еднаш ги реафирмиравме нашите ставови за:

-зачувување на Уставот на Република Македонија

-зачувување на унитарниот карактер на државата и

-зачувување на уставното име на Република Македонија.

Пораката од Второто собрание на ГРОМ упратена од лидерот на ГРОМ е дека ние сме формирани за да го покажуваме патоказот на граѓаните а не во тешки моменти да се криеме и храброста е таа која не одвојува од другите и веќе три години не прави трета партија во македонскиот блок и клучен фактор на политичката сцена.  На Собранието на ГРОМ беше усвоен и Извештајот меѓу двете собранија за работата на ГРОМ кој беше презентиран од генералниот секретар Виктор Цветковски и беше избран централен и надзорен одбор-истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ОО ГРОМ Куманово, Емилија Арсиќ.

Коментари

коментар(и)