Се гради спортска сала во „ Наце Буѓони“

„ Дали е започнато со градежните работи за изградба на спортската сала во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ ? “ , праша на денешната седница советникот од НСДП, Благојче Јаќимовиќ. Градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека договорот е  склучен со министерството за образование и наука со чии средства и се гради училишната сала , но притоа  општината презела средства да обезбеди нулта состојба на конретниот терен.

-Односно да го порамни и да го подготви теренот за поставување на темелната конструкција,  воедно и дотур на вода и сите други енергенси и да изгради  пристап  до самиот  објект.  Ние поради скратени буџетски средства од минатата година не успеавме овие средства да ги предвидиме  во буџетот и во рамки на постоечкиот буџет најдовме соломонско решение како да ангажираме фирма која ќе работи на овој опфат. Но, пак морам да кажам и да се заблагодарам на фирмата која што прифати да најголем дел од оваа работа започне со донација од нивна страна , КООП  Инженеринг, за која услуга нема да биде наплатено. Што се однесува до инфраструктурата  и како ќе оди градбата,  ние издадовме  градежна дозвола на училиштето, финансирањето ќе оди  преку МОН, изведувач е Гранит Скопје, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Димитриевски се надева дека до крајот на годината ќе биде реализирана капиталната инвестиција од Владата, спортската сала во училиштето кое што е едно од најголемите средни училишта во градот, а немаше училишна спортска сала.

Коментари

коментар(и)