Се одржа „Отворен ден“ во „Порака наша“

Во просториите на дневниот центар Порака наша  денеска се одржа Отворен ден, на кој посетителите можеа да ги видат рачните изработки и творби кои што ги создале корисниците. Оваа активност е во рамки на проектот Кројачка работилница и работилница за шиење, која ја спроведува центарот заедно со организацијата „Пис кор“.

Корисниците на дневниот центар изминативе три месеци, имаа можност да ги развиваат работните вештини, за да подоцна станат конкурентни на пазарот на трудот. Создадените производи ќе се најдат на продажни изложби, а средствата ќе завршат за потребите на центарот.

Елизабет Трајановиќ, волонтерката која веќе 2 години е во Порака наша, истакна дека проектот им помогнал на лицата да ги зголемат своите вештини во шиење. Таа нагласи дека со донираните средства купиле две индустриски машини, кои уште многу долго време ќе можат да ги користат корисниците.

Демир Исмаилов, кој е дел од  секцијата за шиење нагласи дека проектот го променил секојдневниот живот на лицата, кои активно, посветено и со воодушевување ја следеле изработката на производите.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)