Спасовски во Куманово: Да се зачува традицијата за Бадник

Новиот технички премиер Оливер Спасовски денеска присуствуваше на манифестацијата за одбележување на Бадник, која на градскиот плоштад традиционално ја организира Здружението Коледари. Спасовски на граѓаните им посака здравје, успех и среќа, нагласувајќи дека како политичар во 2020 година посакува напредок и развој на државата. Дополни дека ваквата прослава треба да продолжи и во иднина, бидејќи смета дека традицијата и обичаите треба да им се пренесат и на идните генерации.

-Ми е огромна чест и задоволство што сум денеска заедно со моите кумановки и кумановци токму на еден од најголемите христијански празници Бадник и Божиќ. Ние во Куманово викаме каде и да си за Бадник и Божиќ дома да си, и навистина е добро што овој ден го поминувам заедно со граѓаните на Куманово. Сакам да им честитам на сите среќен Бадник и Божиќ, да имаат многу здравје, лична семејна среќа, духовен мир, сите заедно да направиме се, да се посветиме нашата држава Северна Македонија да напредува, да има развој, младите да ни останат овде, да расте економијата, тоа се моите желби за 2020 година. Драго ми е што по 21-ви пат Здружението на граѓани за зачувување на традицијата Коледари, го организира овој настан на градскиот плоштад во Куманово. Од самиот почеток до ден денеска секогаш сум тука, давам поддршка, затоа што сметам дека традициите, обичаите треба да ги пренесеме на нашите идни генерации да оставиме на нашите поколенија тоа што претставува наша традиција што е кумановски дух, и сметам дека оваа традиција треба да продолжи да се пренесува од колено на колено и сите заедно да го прославуваме Бадник-нагласи тој.

Коментари

коментар(и)