Спречен шверц на брендирани чанти, парфеми, лекови, кафе

МВР соопшти дека на 24.07.2024 година, околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.

Според МВР, при извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5942 апчиња, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

Двете лица од Косово, на возраст од 27 и 28 години се лишени од слобода, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)