Тројца мигранти откриени во возило на Табановце

Тројца мигранти се пронајдени во возило на граничниот премин Табановце. Имено, вчера околу 11 часот во товарно возило кое се движело на релација Република Грција – Република Србија, управувано од Д.М.(49 години) од Република Србија, биле пронајдени три лица илегални мигранти (еден од Иран и двајца од Авганистан). Од извршениот разговор мигрантите појасниле дека за одреден паричен износ едно лице ја искинало сајлата и ги сместило, додека товарното возило било паркирано. Д.М. бил задржан за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)