Усвоени новите мерки за угостителските објекти

Во насока на намалување на ризикот од појава и ширење на КОВИД-19, Владата ги прифати ги препорача рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат за угостителските објекти. Повеќе не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).

Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.

Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица. •

Комисијата укажа, а Владата прифати на стриктно почитување на точка 3. не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.

 

Коментари

коментар(и)