Ученици од шесто одделение во основното училиште „11 Октомври“ ја посетија Националната установа Музеј Куманово, објави училиштето.
„Кустосот на музејот, Фросина Лазаревска, ги пречека учениците и редоследно, хронолошки, им ги појаснуваше експонатите со нивната симболичност и намена. Учениците поставуваа разновидни прашања за природата и функцијата на археолошките наоди, за оружјето и предметите кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни, за фотографските записи и за етнографските обележја на претходниот век“, стои во објавата.
Целта за изведување на посетата е промоција на материјалната и духовната култура која останала во наследство од нашите предци и кревање не свеста за грижа и заштита на културното наследство.