Филателистичка изложба во чест на Кирил и Методиј

Во Уметничката галерија синоќа беше отворена филателистичката изложба на доктор Бранислав Светозаревиќ насловена Светите браќа Кирил и Методиј –сесловенските просветители.  Кумановци имаа можност да ја видат колекцијата која што е комбинација од два различни видови збирки кои се во функција на историјата и културата.

-Тука во оваа збирка е напревен избор на материјали кои се стотина години наназад печатени, па до последниве години, со неа сакам да прикажам дека сите држави кои ја негуваат словенската култура издавале поштенски марки, разгледници, коверти максимум карти на тема Кирил и Методиј, и култот на овие светители останал многу силен во многу држави-нагласи тој.

Директорката на националната установа Музеј Куманово, Анита Цветановска истакна дека во изложбата е вложен 25 годишен труд.

-Нашата соработка трае веќе со години наназад најпрвин соработката со Музејот на македонската борба започна со претставување на модната ревија Ала франга во Скопје, потоа правевме заедничка изложба за Исламската култура, за да вечерва продолжи  со отворањето на оваа прекрасна изложба., која всушност претставува збирка на марки, пликоа, коверти каде биле вметнати браќата Кирил и Методиј, чие кирилично писмо претставува дел за користење на азбуката на балканот, европа преку Монголија па се до Тихиот океан и Јонското море-изјави таа.

Кумановци имаа можност да ја разгледаат и колекцијата која што е посветена на Свети Климент Охридски.

-Во таа збирка одам на една друга димензија, односно да прикажам колку институции, цркви, научни конгреси, разни видови на организации го носат името на Свети Климент Охридски. Еден печат кој останал неизбришлив е присутен секогаш со нас-додаде Светозаревиќ.

Изложбата ќе биде поставена наредните 10 дена.

 

 

 

Коментари

коментар(и)