(ФОТО) Полна сала и долг аплауз за претставата „Мојата ти“

Сала на кумановскиот театар синоќа беше мала да за ги прими сите љубители на театарската уметност, кои дојдоа за да ја проследат претставата „Мојата ти“, според текстот на Олга Димитријевиќ, а во режија на Драгана Милошевска Попова.   

Во „Мојата ти“ се обработуваат повеќе теми, кои лирски се среќаваат со староста, слободата, осаменоста, фаворизирањето на младоста и сите помагатели кои таа ги носи. Всушност делото зборува за четири жени, кои се спротивставуваат на секојдневнието, кое за нив е несфатливо и сурово. Тие се нападнати од урбана мафија, потплатени градежници, кои сакаат да го узурпираат нивниот простор.

Во „Мојата ти“ играа  Кети Дончевска Илиќ, Александра Пешевска, Сања Русеска, Владанка Димковска и Марко Трајковиќ.

-Јас сум презадоволен не очекувавме вака публиката да реагира бурно и можам да кажам во името на целата екипа дека сме презадоволни од нивната реакција оваа вечер. Не очекувавме вака да поминеме. Со оглед на тоа дека за претставата веќе се зборува иако луѓето се уште не ја гледале мислам дека и утре треба да очекуваме полна сала-истакна актерот Марко Трајковиќ.

Сценографијата за претставата „Мојата ти“ е на Крсте Џидров, костимографијата на Роза Трајчевска а  музиката на Ивица Димитријевиќ.

Претставата „Мојата ти“ и вечерва ќе се изведе во кумановскиот театар со почеток во 20 часот.

Коментари

коментар(и)