(ФОТО) Словенечкиот амбасадор се сретна со градоначалникот Димитриевски

Амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово, при што се сретна ссо градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата било разговарано на различни теми, меѓу кои и можна соработка помеѓу амбасадата и општината, привлекување потенцијални инвеститори од Словенија, размена на ученици и студенти со општина Марибор.

Градоначалникот истакна дека амбасадорот го запознал и со можностите и условите на индустриската зона Новине и Речици, каде следниот месец треба да започнат градежните работи.

-Во моментов имаме два инвеститори, се надевам дека добар дел на фирми, стопански субјекти од Словенија ќе покажат интерес. Подготвена е видео презентација и се надевам дека сето тоа ќе биде како што треба. Паралелно разговаравме и во делот на потенцијални инвестиции во општината во делот на инфраструктура, размена на искуства, особено со Марибор со кој имаме склучено договор и меморандум за соработка. Таму има изберено нов градоначалник и верувам дека традиционалната соработка ќе продолжи со оваа општина и секако можноста на домашните производители во нашата општина, првенствено нашата фабрика за цевки и профили од Куманово да извезува на словенечкиот пазар, изнаоѓање на дополнителни купувачи бидејќи на нас покрај претставници на граѓаните примарните задачи ни се сепак и да отвораме врски и создаваме можности за нови контакти-истакна кумановскиот градоначалник.

Словенечкиот амбасадор посочи дека постојат можности за соработка со општината. Нагласи дека државите имаат успешна долгогодишна соработка во различни области, екологија, инфраструктура и слично.

-Мило ми е што слушнав за логистичката поддршка, индустриската зона, Куманово има речиси идеална локација, постои голем интерес кај словенечките стопанственици.Куманово не е единствена општина таква но како што слушнавме има бројни сличности пред се со Марибор и тоа може многу да се работи, на подрачјето на размена на студенти, Марибор е првлечен за студентите од вашата држава, од гимназијата рекоа дека 10 нивни ученици сега се студенти во Словенија, има и лекари и слично, треба да се работи на конкретни проекти, луѓето да ги почувствуваат промените-нагласи тој.

Ова е четврта посета на амбасадорот на Словенија во општина Куманово.

Коментари

коментар(и)