Хуманитарна изложба за Александар и Мартина

За Александар и Мартина Додевски, беше насловена хуманитарната изложба на водителката на Телевизија Плус, Драгана Спасовска, која се одржа синоќа во кафе бар Револушн. Љубителите на уметноста имаа можност по симболична цена да купат изработено дело. Инаку делата се работени на камен со боја. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на двете деца, кои боледуваат од цироза на црниот дроб. Авторката на изложбата истакна дека делата се сликани со љубов, исто како што е направена и оваа изложба.

-Како за почеток супер е веќе има продадено неколку дена и така се надевам дека ќе биде посетеноста уште поголема во текот на вечерта. Јас сликам веќе некој период и сакав да ги изложам за да ги видат луѓето. Кога слушав за децата одлучив  ова да биде хуманитарен настан и колку можеме да помогнеме. Планирам нешто случно и малку поголемо, поинтересно. Ова ми е хоби, ме исполнува и секој слободен момент го користам за да сликам-истакна таа.

За добрата забава се погрижија познатите кумановци Ивона, Марко и Боки и диџеј Гардијан.

 

 

Коментари

коментар(и)