Општинската организација на Црвен крст Куманово во текот на вчерашниот ден со своите волонтери организираше посета на најпогодените села од големите пожари с. Четирце, с. Челопек и с. Кокино од општина Старо Нагоричане, како и село Зубовце и с. Мургаш од општина Куманово.
При посетата волонтерите доставија хуманитарна помош за жителите од селата чии семејни куќи беа зафатени од големите пожари. Хуманитарната помош се состоеше од прехрамбени и хигиенски пакети, вода, кебиња и душеци.
Црвен крст Куманово ќе продолжи и во наредниот период да доставува хуманитарна помош за жителите од селата зафатени од пожарите.