ЈП„Чистота и зеленило“ продолжува со акциите за чистење

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжува со реализација на акции за почисто Куманово. Екипите секоја сабота, веќе два месеци ги чистат дивите депонии во урбаните заедници, населби, но и селата.

-Ги расчистуваме по своја иницијатива досега расчистивме неколку, местото зад средното економско училиште „Перо Наков“, во населбите Перо Чичо, Добрашане, Тоде Мендол, Карпош, следната сабота е предвидено акцијата да се одвива во село Черкезе, така што овој тренд на чистење ќе продолжи и понатаму согласно нашите можности-нагласи директорот Даниел Стојчевски.

Но, и покрај апелите од јавното претпријатие Чистота и Зеленило посочуваат дека граѓаните не покажуваат интерес да им се приклучат во уредувањето на просторот во којшто живеат.

-Ние како јавно претпријатие немаме некоја обврска да ги расчистуваме тие собрани, диви депонии, но во интерес на граѓаните да им обезбедиме поздрава и поубава животна средина ние ги спроведуваме овие акции и за жал морам да констатирам дека на досегашните акции немаме соработка со граѓаните, однсоно воопшто не се вклучуваат, сето тоа што го работиме, го правиме со сопствени ресурси и луѓе-дополни тој.

Стојчевски уште еднаш апелираше сите заинтересирани граѓани да им се приклучат во акцијата која оваа сабота ќе се изведе во село Черкезе.

Коментари

коментар(и)