Ќе се надмине проблемот за собирање на смет

Од понеделник ќе се надмине проблемот со изнесување и депонирање на смет,  односно ќе се врати стариот работен режим според кој функционираше јавното претпријатие Чистота и Зеленило, истакна на последната седница на Советот на општина Куманово, директорот Сашо Петрушевски. Тој нагласи дека нередовното изнесување на смет ќе стане минато, бидејќи се решени дефектите на 9-те камиони. Советниците од опозицијата кои го покренаа ова прашање, истакнаа дека изминатиов период, постојано добивале забелешки од граѓаните за овој проблем.

Директорот Петрушевски истакна дека поради дефектите на камионите биле принудени да користат и несоодветни возила, со цел да ја извршат својата основна обврска. Нагласи дека само е нарушена динамиката за изнесување на смет, но истиот не е оставен и сепак завршил на депонија.

Инаку јавното претпријатие Чистота и Зеленило деновиве го збогати возниот парк за уште еден камион, кој е јапонска донација. Истиот ќе се користи за тесните улици. Директорот потенцираше дека паралелно работат и на замена на дотраените садови за смет во централното градско подрачје.

 

 

Коментари

коментар(и)