Ќе се реконструира Занаетчискиот дом

Најстариот и најрепрезентативен објект во градот, Занаетчискиот дом наскоро ќе добие нов лик. Во текот на наредниот месец е планирано да започне целосна реконструкција на зградата која има големо историско и архитектонско значење за Куманово. Санацијата е дел од проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион, а средствата ги обезбеди Бирото за рамномерен регионален развој, заедно со општина Куманово.

-Центарот за развој на североисточниот плански регион секоја година аплицира за проекти од програмите на Бирото за регионален развој односно Министерството за локална самоуправа кои се однесуваат на регионален развој така што поднесовме три апликации за 2016 година меѓу кои беше и апликација за реконструкција на Занаетчискиот дом. Апликацијата беше успешно одобрена така што некаде околу 200 илјади евра се од програмите за регионален развој и со над 100 илјади евра е учество на општина Куманово-изјави Младен Протиќ од СИПР.

Тендерската постапка е завршена па останува деновиве да се потпише договорот.  Надлежните се надеваат дека целосната реконструкција треба да заврши најдоцна до ноември. Покрај свечени сали, во објектот ќе биде одвоен простор и за канцеларии за поддршка на активностите на локалната самоуправа. На приземјето е планирано да останат деловните простории. Кумановци се радуваат што препознатливата зграда ќе го врати стариот сјај.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)