16 новозаболени и еден починат пациент како последица на компликации од коронавирусот е ковид – билансот во изминатото деноноќие во Куманово. На ниво на државата, информира министерството за здравство регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19, починати се седум лица на возраст од 43 до 78 години од Делчево, Гостивар, Струга и Куманово, а излекувани се 85 пациенти, меѓу нив нема кумановци.
Според ресорното министерство, во последните 24 часа направени се 1.674 тестирања, а досега во земјата вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот, соопштуваат надлежните.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, излекувани се 13.635 пацинети , починале 675 лица , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.