34 новозаболени кумановци, 639 во државата

34 новозаболени лица од Ковид -19 во Куманово, а 639 нови случаи на ниво на државата, регистрира министерството за здравство во изминатите 24 часа.

Регистрирани сe и 22 оздравени пациенти, од нив петмина се кумановци, а пријавени се и пет починати лица на возраст од 53 до 79 години.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 159.908, бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.

Во Куманово активни се 222 случаи на Ковид -19.

Коментари

коментар(и)