(ВИДЕО) Пожар зафати дел од покровот на спорската сала

Пожар попладнево зафати дел од покривот на спорската сала. По пријава од очевидец веднаш на терен излезе екипа на територијалната противпожарна единица Куманово. По брзата интервенција на екипата пожарот беше ставен под контролa и заштитен еден од најзначајните спортски објекти во градот.

-Беше почнат дел од покривот меѓутоа со натчовечки напори со наша брза интервенција успеавме како и многуте пожари во овој месец што не зафатија да го санираме со мала штета. Да се заблагодарам на вработените во Спорската сала и на луѓето што беа тука околу пријавија на време за да не настане поголема штета-истакна Сашо Илиевски, командир на смена, кој апелираше до граѓаните на овие топли временски услови да внимаваат на животната средина и да не предизвикуваат пожари.

Според еден од очевидците пожарот во спортскиот објект најверојатно настанал од искри од заварување.

-Два три дена ги гледам луѓето како работат со варање, еднаш изгасив пожар долу сува трева, им кажав дека не е време за варање може да се случи нешто. Пријавив пожарникарите пристигнаа, среќа случајно излегов и видов, да не излегов кој знае како ќе се завршеше-раскажува Ивица Божиновски, очевидец.

Покрај пожарникарите на терен беа и припадници на СВР Куманово.

 

Коментари

коментар(и)