374 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 374 возачи.

Од нив, 39 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 240 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)