Музички хепенинг за матурантите во „Наце Буѓони“

Во рамки на проектот „Од нас, за сите нас“, кој го реализира хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово, пред бината во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ денеска се одржа музички хепенинг наменет за матурантите.

-Овој настан е дел од повеќе активности од овој проект. Инаку главната цел на проектот беше изградба на оваа бина која е зад нас, и ќе служи за одбележување на културни и спортски манифестации. Во иднина планираме уште два настани, во рамки на овој проект Техно саем и завршниот настан во чест на завршување на учебната година- Денис Илијевски, координатор на проект.

Средношколците читаа песни за својот клас, се збогуваа со професорите, а подоцна ги забавуваше училишниот бенд.

-Оваа манифестација е најнова за прв пат во нашиот град ќе се изведува во нашето училиште каде поминавме четири незаборавни години. Ќе имаме балони на кои секој ученик ќе напише желба, ќе ги пуштиме, се верува дека ќе ни се остварат. Потоа ќе настапи бенд кој ќе не забавува-истакна матурантката Ана Марија Пешевска.

Проектот „Од нас за сите нас“ на хуманитарното здружение Мајка, кој трае шест месеци, е дел од програмата за демократски развој на Западен Балкан, Релоад, а се спроведува со поддршка на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)