Основното училиште „Вук Караџиќ“ денеска организираше отворен ден. Првооделенците заедно со наставниот кадар, преку штандови со интересни, креативни изработки, ги информираа идните ученици и нивните родители за уписот, работењето на училиштето, функционирањето на службите. Од училиште се надеваат дека овој настан ќе предизвика интерес за упис на идните првачиња.
-Посебно ми е драго што има голем број на родители кои дојдоа со своите идни првачиња да видат како работиме, што работиме, какви услови за работа нуди основото училиште Вук Караѓиќ и да видат еден работен амбиент на учениците и наставниците во училиштето. Се надевам дека овој отворен ден ќе побуди поголем интерес за упис на идни првачиња од реонот на основното училиште Вук Караѓиќ, бидејќи во последните неколку години се сретнуваме со одлив на првачиња од овој регон. Сметаме дека кога родителите ќе видат што се работи, како се работи, колку се вложува во едукацијата на учениците во основното училиште колку се посветени наставниците во работата со учениците, сметам дека ќе се зголеми интересот за упис на првачиња во ова основно училиште-посочи Надица Петровска, директор ОУ „Вук Караџиќ“.
-Можеме да се пофалиме со многу квалитетни ученици, наставен кадар и кај најмалите учиме преку игра, со игра учениците најлесно и најбрзо може да ги совладаат математичките задачи и активно се вклучени во нив и добро ангажирани, така што тоа е најдобриот метод според мене да се учи преку играта, сега со овие изработени средства можете да видите како тоа изгледа-изјави Јелена Мандиќ, наставник ОУ „Вук Караџиќ“.
Основното училиште „Вук Караџиќ“ традиционално секоја година организира Отворен ден за упис на идните првачиња.