Кумановци знаат како се игра Џокер во Лото 7

Лото играчите од Куманово знаат како се игра џокер и дека со малку пари можат да добијат високи премии. Од продажното место Среќна куќичка од центарот на Куманово потврдуваат дека љубителите на игрите на среќа а особено оние кои играат лото 7, знаат што значи играта Џокер и колку е едноставна.

-Играат џокер, најчесто со лото комбинации, најмногу може да се уплатат 50 џокери. Износот на еден џокер е 20 денари, најчесто играат со комбинации но исто така можат да играат и само џокер. Имаше поголеми добивки, и од лото комбинации и од џокер, ние исплаќаме до 5.000 денари а добивките над тоа се исплаќаат во Државната лотарија во Скопје-истакна Славица Стошиќ.

Од неодамна новина во оваа игра е машината со која се извлекуваат бројките за добитната комбинација на Џокер која наместо како беа една по една, сега со новиот систем тоа се прави наеднаш.

За да се уплати џокер не е потребно никакво предзнаење ниту распишување комбинации, Џокерот е чиста среќа и на продажно место но и онлајн може да се уплати со помошно ливче и обележување на саканиот број. Се работи за шестоцифрен број кој се генерира по компјутерски пат и се појавува во горниот дел на потврдата за уплата.

Колку џокери се уплатени токму броеви ќе се испишат на потврдата.

Коментари

коментар(и)