Бадниковата поворка со „Вечниот Бог“

Повеќе од 250 дечиња со пештерата во раце која го симболизира местото каде се родил Исус Христос, односно Витлеемската пештера гласно извикувајќи Христос се роди и пеејќи ја песничката Вечниот Бог , утрово од Соборниот храм „Свети Никола“ продефилираа по главните улици во централното градско подрачје, а во Занаетчискиот дом беа пречекани од градоначалникот Максим Димитриевски. Бадниковата поворка е во организација на здружението„ Бадникови поворки“, а подготвките за овој празник траеја еден месец.

-Целта на здружението Бадникови поворки е обнова на традиционалниот древен обичај на славење на Бадник, дечињата ја носат пештерата во рацете што ја симболизира Витлеемската пештера, во рацете носеа ѕвездички кои ги симболизираат Витлеемската ѕвезда која што го покажа патот на мудреците до пештерата. Дечињата ја пееја песничката Вечниот Бог, една од целоте на нашето здружение е возобновување нан старите божиќни песни.  На сите православни христијани им го честивам овој голем мир, спокојство и бадниковата радост да ги прати во текот на целата година, изјави Ана Денковиќ – Антевска, Здружение „Бадникови поворки“

Пригодни подароци во духот на Бадник, пакетчиња, бадникови колачиња  во форма на бебе децата добија во Занаетчискиот дом. Подароците се спонзорирани од повеќе граѓански и хуманитарни здруженија, бизнис заедницата од Куманово.

-НО„Крепост“  и вчера организираше уште една хуманитарна акција , дониравме пакети со храна за бадниковата трпеза за семејствата во социјален ризик во општините Старо Нагоричане и Кумамово.   И  денеска „Крепост“ дава свој придонес во помош на организацијата,  донација на бадникови пакетчиња и слично , изјави Марко Андевски од ХО „Крепост“

Децата ги поздрави и градоначалникот Димитриевски посакувајќи им здравје и просперитет во животот на чуварите на традицијата.

-Денеска е голем ден за сите православни христијани.  Традиционално и оваа година општината  во соработка со голем број невладини организации и здружениеја отпочнува со чествување на многу манифестации во пресрет на Божиќ. Ја користам оваа прилика да им го честитам Бадник на сите граѓани на нашата општина, да посакам благосостојба во секој дом и секако повеќе мудрост, здравје, среќа, слога и взаемно разбирање во 2020-та , да тргнеме во остварување на поголеми цели за сите нас, а тоа е пред се, поубав живот за сите. Традицијата е таа која треба да не држи заедно сите, се заблагодарувам на сите учеснци и поддржувачи на Бадниковата поворка, на родителите и останати учесници, изјави Максим Димитириевски, градоначалник на Куманово

Бадниковата поворка се организира по четврти пат во Куманово.

Коментари

коментар(и)