Се отстранува летна бавча кај центарот за култура
-Овој простор е издаден во 2013 година, потписници се министерството за култура и сопственикот во 2013-та. Кога дојде новиот министер за култура Асаф Адем, во 2018 година договорот го раскина од страна на министерството за култура, а деновиве дивоградбата ја урива Општина Куманово бидејќи тоа е во склоп на нејзините надлежности кои таа ги превзема во целиот град. Чекаме да се расчисти просторот да видиме во каква ситуција ќе биде вратен просторот бидејќи според договорот треба да биде вратен во првобитната состојба, па потоа ќе одлучиме што понатаму. Ние би сакале тој простор да го издаваме бидејќи потребни ни се приходи од тој простор, меѓутоа ќе видиме во договор со сите ќе видиме што ќе направиме за нашата институција во врска со тој простор. Инаку, станува збор за два објекта, едниот објект е со површина од околу 160 метри квадратни, а другиот околу 170 метри квадратни, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“