Мисајловски: Не се инвестира во индустриската зона Речица

Нема инвестиции во индустриската зона Речица во кумановско, посочи денеска носителот на пратеничката листа  во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Тој денеска се сретна со кумановци, ги слушна нивните проблеми и им ја презентираше програмата Обнова за Македонија.

На ова место позади мене требаше да има десетици странски инвестиции бидејќи сите ветуваат голема индустриска зона и овој градоначалник и претходниот и централни влади. Јас кога бев министер за транспорт овде се започна една постапка и се обезбедија средства и за индустриска зона да се испроектира бидејќи без тоа не може, но гледам дека после тоа ништо не е направено. Ако сакаме граѓаните на Куманово да останат тука во Куманово да работат и да имаат добри примања нас ни требаат странски инвестиции а не само сува реторика-нагласи тој.

Тој посочи дека кумановци сакаат инвестиции, сакаат да живеат во државата и нивните деца  да останат тука.

-ВМРО ДПМНЕ тргна на терен да разговара со граѓаните со позитивна кампања преку нашата кампања Обнова за Македонија секој еден граѓанин да се пронајде. Се надевам дека ќе посетиме многу места, многу граѓани ќе разговараме. Сите ги почитуваме мерките, сме на дистанца со сите протоколи-нагласи Мисајловски.

Кандидатот за пратеник, Бране Петрушевски истакна дека нема инвестиции во индустриската зона иако тоа го ветувале функционирите од СДСМ изминативе 10-ина години.

Затековме тука полјани, убави ниви, незавршен пат дури во комуникација со граѓаните кажаа дека патот не бил согласно стандардите за транспорт на стока со товарни возила. Начекавме зеленило, но не и странски инвестции, фабрики, работни места. И токму ова е синоним за владењето на СДСМ и нивнот начин на владеење, ветувања кои се претвораат во лаги. ВМРО ДПМНЕ има сериозни проекти за инвестиции во Куманово, оваа индустриска зона во инфраструктурна потреба што треба да се заврши и она што е бренд на ВМРО, да дадеме максимален напор да привлечеме странски инвеститори кои ќе овозможат работни места-посочи Петрушевски.