14 новозаболени во Куманово, 162 нови случаи во државата
14 новозаболени и 10-мина излекувани кумановци е ковид билансот за изминатото деноноќие во Куманово. На ниво на државата, според министерството за здравство во последните 24 часа регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19, од нив во Скопје-75, Тетово-13, Струмица-10, Кочани-12 и во неколку други градови по помалку од пет случаи. Надлежните информираат и за четири починати лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Штип, на возраст од 55 до 81 година.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти. Меѓу нив и граѓани на Куманово.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, а вкупно болнички се лекуваат 84 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата вкупната бројка на заболени од ковид 19 во Куманово изнесува 1.777, а во моментов активни се 184 случаи. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, починати 743 лица , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти.