При извршување кражба од банкомат, фатено лице од Косово
Денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово од слобода го лишиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.
Во непосредна близина на местото било пронајдено патничко возило „фолсваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничниот премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и тој ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена и соодветна пријава.