На сцената на Центарот за култура, вчеравечер се одигра претставата „Боинг Боинг“ на Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска .
Станува збор за комедија според текстот на Марк Камолети, а во режија на Нина Клефлин. Играат: Дориан Паулиќ, Владимир Андриќ, Сања Тот, Јосипа Оршолиќ, Матеа Марушиќ и Зденка Шустиќ.
Во рамките на 24-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, комедиите продолжуваат утре со претставата на Театар Струмица „Умри машки“.
Инаку, вечерва ќе се одржи концерт посветен на 40 -годишната работа на Центарот за култура во Куманово, на кој ќе настапат Весна Гиновска Илкова и Трио Џентлмен.
