Заедно за подигање на свест за борба против родово-базирано и семејно насилство
Препознавање на младински права, родово базирано насилство и семејно насилство и мерки за заштита. Препознавање на стереотипи и почитување на различности и промовирање на еднаквост. Врсничка поддршка и поддршка од заедницата се активностите во рамки на проектот кој е од Регионалната програма на ЕУ и UNWomen „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција Имплементирање на норми –промена на ставови“, кој е имплементиран од „Македонско здружение на млади правници” и „Здружение за психологија и психотерапија Психотерапика”од Скопје.
Во овој проект беа вклучени 5 средни училишта во земјата а од Куманово беше ОСТУ „Наце Буѓони“.
Проектот имаше две фази во првата која се реализираше во учебната 2019/20год.се работеше со 20 ученици од мешан етнички состав на тема за промена на однесување и ставовите за родово –базирано и семејно насилство, а оваа година 2020/21год. сеработеше за промен на однесувањето и ставовите за родово-базирано и семејно насилство.Во двете фази на проекто беа вклучени 45 ученика со мешан етнички состав а во рамки на истиот имаше јавни дебати спотови, истражувања, изработување на постери ликовен и литературен конкурс и прекрасни творби.
Вчера во наставничката канцеларија беа доделени награди и сертификати за 20 ученици и 10 наградени на ликовен и литературен конкурс и училиштето од страна на претставничка на Македонско здружение на млади правници Маја Атанасова која ја истакна својата благодарност за постигнатаата цел и мотивираниот тим на едукатори во состав на професорките Жаклина Јанакиевска и Фердезе Сулејмани и психологот Дивна Јанкова.
Од име на учениците се заблагодарија Марија Ѓорѓиевска, Сара Мустафа и Дамјан Златановски кој беше две години во проектот од кои во втората беше поддршка на едукаторките.Учениците говореа за придобивките заподигање на свеста, примена на знаењата за поддршката и за препознавање и превенирање на родово –базирано и семејно насилство.
Директорот Драган Јаневски се заблагодари на ефикасноста на тимот на посветеноста на учениците и за соработката со носителите на проектот. При тоа тој истакна: Борба против родово-базирано насилство е тема која е многу сензибилна и за која многу малку се зборува во наставните предмети, е значајна за обработка.