Нека победи најдобриот кандидат, нека одлучат граѓаните кој треба да ги води. За мене ова беше исклучително искуство, се гледаме во некои нови битки, а нашите идеи и предлози ќе ги доставиме до идниот градоначалник и ќе се залагаме да бидат прифатени и реализирани, истакна кандидатката за градоначалничка од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска, која не влезе во вториот круг.
-Чувствував потреба да им се заблагодарам на сите граѓани коишто ни дадоа поддршка, на оние коишто гласаа за нас но и на оние што не гласаа за нас. Мислам дека граѓаните секогаш го прават вистинскиот избор и нивните гласови треба да мерат кој е подобар. Посакувам на двајцата кандидати кои останаа во трката среќа во претстојниот период и мислам дека граѓаните најдобро ќе проценат кој ќе биде нивниот нов градоначалник. На двајцата им порачувам да се придржуваат до кодексот кој што го имаме и да имаме до крај фер и демократски изборен процес во кој ќе победи најдобриот. За мене ова беше исклучително искуство и јас мислам дека и таа поддршка која што ја добивме за мене е огромна чест и благодарност да се појавам пред сите како најмлада, но и некој кој влегува во овој свет, така што благодарна сум на моите гласачи и верувам во сите граѓани дека заедно ќе го избереме она што ќе биде подобро за нас во наредните четири години и се гледаме во некои нови битки. Кој и да биде градоначалник ние нашите идеи и предлози ќе ги доставиме до него и гласно ќе се залагаме некои да бидат барам прифатени и реализирани-истакна таа.
