ОУ „Наим Фрашери“ ќе добие нови тоалети

Основното училиште Наим Фрашери наскоро ќе добие уредени и опремени санитарни јазли. За оваа цел Министерството за образование и наука ќе одвои околу 50.000 евра. Директорот на училиштето Мухамед Зекери се радува што овој дологодишен проблем наскоро ќе биде минато. Вели дека со санацијата која е планирано да заврши до април наредната година, ќе се зголеми хигиената и ќе се создадат услови за нормално функционирање на голем број ученици кои тука се образуваат.

-Имаме работено на тоалетите, но сите интервенции, мали санации ги правеше училиштето но не беше целосна. Во нашето училиште гледајќи го бројот на ученици, бројот на тоалети е мал, и затоа треба да направиме некој анекс или план до министерството за да ни одобрат некоја друга просторија за да направиме друга кабина или тоалети во училиштето-нагласи тој.

Тој истакна дека освен тоалетите, во училиштето имаат и други големи проблеми. Наведе дека подот веќе е дотраен, а недостасуваат табли и клупи за учениците.

-Ние имаме направено проект и за кровот кога го имавме поставено како барање беше и тоалетот и кровот, веќе го кажавме дека ни е одобрено за тоалетите, но ние нема да престанеме, се надеваме дека и кровот ќе го направиме. Да се реализира и тој проект како круцијален во училиштето, бидејќи доаѓа зимско време, дождови-нагласи директорот на училиштето.

Во основното училиште Наим Фрашери се образуваат 1.200 ученици. Инаку реконструкцијата во ова училиште е дел од проектот на Министерството за образование и наука, насловен Рехабилитација на 23 училишни објекти низ државата. За оваа цел министерството ќе одвои 2 милиони евра од државниот буџет.

 

 

 

Коментари

коментар(и)