Сребрена плакета за гимназијалки за краток филм „Родители“
Сребрена плакета за филмот „Родители“ добија три гимназијалки од прва година, во рамки на конкурсот за краток филм кој што го објави Народна Техника. Сценариото за филмот го напиша средношколата Миња Димитријевиќ, додека во монтажата учествуваа Мила Смилевска и Мери Стефановска. Тие работеа под менторство на професорката по македонски јазик, Соња Тодоровска.
Филмот зборува за чувствата на нивните врсници кога родителите и возрасните околу нив се однесуваат несоодветно, разговараат со повишен тон и низ призма на нивните лични проблеми.
„Со овој филм сакаме да ја подигнеме свеста кај возрасните, но и кај врсниците, за тоа кое е нивното влијание врз развојот, однесувањето и менталното здравје на децата. Филмот е посветен на сите оние кои се борат самите со себе и со својата психичка нестабилност Ти си креатор на својот живот и не треба да си сам кога имаш прашалници во главата! Држи ги конците од животот во свои раце! Побарај стручна помош! Гласно кажи чие однесување ти пречи-велат наградените ученички.
