ВИДЕО: Одбележани 110 години од Кумановската битка

На споменикот на паднатите борци во Зебрњак се одбележа 110 годишнината од Кумановската битка, односно големата победа на српската војска против Турците од 22 до 24 октомври 1912 година во рамките на Првата балканска војна.

Во Кумановската битка животот го загубиле 723 српски војници, 3.441 биле повредени и 603 исчезнати. Свежо цвеќе во чест на загинатите положија делегации од Македонија и Србија. Присустваа и претставници на Владата, Српската заедница во Македонија, делегации на општините Старо Нагоричане и Врање, политички партии, неладини здруженија и граѓани.

Пред присутните обединувачки пораки упати државниот секретар на Министерството за работа, вработување, воени и социјални прашања Миодраг Капор.

Одбележувањето на годишнината од битката традиционално ја организира Владата на Република Србија, заедно со српската амбасада.