Велосипедист повреден во Режановце
Помлад велосипедист е потешко повреден, во сообраќајна незгода која се случила на локалниот пат во село Режановце. Како што инфомира Министерството за внатрешни работи, вчера било пријавено околу 13 часот, дека патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(29 години) од село Режановце, удрило во малолетен велосипедист од истото село. По несреќата велосипедистот бил пренесен во Ургентен центар – Куманово, каде од лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.