Во последните 24 часа на ниво на земјава се регистрирани 11 нови случаи, позитивни на ковид 19, информира Министерството за здравство. Од нив деветмина се од Скопје, по еден од Прилеп и Штип. Од Куманово нема евидентиран новозаболен. Во текот на изминатите 24 часа, нема ниту регистрирани починати лица. Бројот на активни случаи на ниво на земјава изнесува 237.