Водостојот на Пчиња двојно под просекот

Водостојот на реката Пчиња повторно е двојно под просекот за овој период од годината, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Според последните мерења направени утринава околу 07:30 часот на емрната станица во атарот на селото Пелинце, нивото на Пчиња е 26 сантиметри. Тоа е скоро двојно под просекот, кој за овој период во изминатите години изнесувал 55 сантиметри. Забележано е намалување од еден сантиметар споредбено со вчера. Нивото на Пчиња годинава е постојано далеку под просекот во споредба со минатогодишните мерења.

Коментари

коментар(и)