ВИДЕО: Изгоре млекарница во село Романовце

Пожар зафати млекарница во кумановско село Романовце. Целосно се уништени производствениот погон, машините, лабораторијата, помошните простории. Повредени во пожарот нема, но е причинета голема материјална штета. Според сопствениците машините чинеле над двесете илјади евра. Опожарената фабрика иако не функционира од пандемијата, била осигурана.