Ромите ја прославија Василица
Ансамблот за народни ромски игри и песни „Рушит Шакир„ синоќа организираше свеченост по повод празникот Василица. По тој повод во ресторан Грација се одржа Ромски бал.
Низа години здружението ја организира оваа манифестација. Целта е да се чува и негува традицијата.
На настанот присуствуваа претставници на централната власт, министри, пратеници, советници и други бројни граѓани.
