ВИДЕО: Здравствените работници излегоа на мирен протест

Здравствените работници, техничкиот персонал, администрацијата од општата болница и центарот за јавно здравје Куманово се приклучија на мирниот протест кој го организира Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, како и огранокот на клинички синдикат. Тие за време на паузата од 10 до 10 и 30 изглегоа во дворовите на установите. Здравствените работници се револтирани од доцнењето на јануарската плата, но и не исполнувањето на ветувањата, за нови покачувања.

-Протестот се организира заради доцнење на платата и повеќе тоа да не се повтори. Првата причина е за непокачување односно непотпишување на анексот за колективниот договор за покачување на платите. Беше подадена рака уште на 1-ви мај минатата година, но не се оствари никаква средба со премиерот и од тоа засега ништо-истакна Сузана Атанасовска, претседателка на самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита  Куманово.

И ние сме луѓе, сакаме редовна плата, навремено, а договорот што требаше да се потпише за покачување на платите на медицинските сестри и друг здравствен персонал тоа значи 3000 денари бруто , а 2000 денари нето, што е веќе договорено три месеци се одолговлекува, што е премногу и бараме веднаш да се реализира. Барањата кои беа предизборно ветени во 2022 година, за зголемување на платите не се реализирани. Со зголемување на минималната плата не настапи линеарно зголемување на платите на здравствените работници. Се воведуваат и предлог закони за измена на плата што значи дека синдикатот ќе биде маргинализиран, а тоа значи дека сите додатоци ќе се стават под знак прашалник бидејќи ние работиме и смени и дежурства. Тоа не е добро за ниту еден здравствен работник, вели докторка Слаѓана Илиевска претседателка на огранокот на клинички синдикат.

Додека траеше протестот здравствената заштита се одвиваше непречено во болницата, велат претставниците на синдикатите, кои информираа дека платите на здравствените работници се пуштени.