ВИДЕО: Концепт за системска рана детска интервенција
Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори денеска во Куманово, пред претставници од училишта, градинки, граѓански здруженија, стручни служби го презентираше концептот за системска рана детска интервенција за деца со развојни задоцнувања и/или попреченост кој се спроведува со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ Скопје. Настанот се организираше со поддршка на секторот за образование од Куманово. Концептот за рана системска рана детекција е одобрен од Министерствата за труд и социјална политика и здравство.