Ќе следуваат соодветни законски постапки за изнесените невистини, клевети и обвинувања, информираше на денешниот брифинг за новинарите, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата, кои во емисијата СТАВ ги изнесе стопанственикот Бобан Спасовски.
Димитриевски праша зошто доколку имало дарежливост стопанственикот прикривал кривично дело. Нагласи дека јавното обвинителство треба веднаш да постапи по допрен глас и да ги испита наодите. Рече дека целта било да се омаловажи и дискредитира во јавноста.
-Апсолутно ирелевантно е и да дискутирам, тоа го гледам како политичко обвинување кон мене кое има за цел првенствено сето тоа што претходно поединци блиски до тие луѓе и самите тие луѓе го правеа во форма на притисок кон мене и општинските служби, да го изведат на ваков начин, Јавноста ме знае, кога работите на ова работно место има голем простор за шпекулации, елементарна работа е да ги видите вкупните бројки, дали Oпштина Куманово пред четири и пол години беше една од најзадолжените во државата, да. Дали после четири години реализираше голем број на инфраструктурни проекти и отпочна да става ред во градот, да, дали општината денес има 4 и пол милиони евра свои сопствени средства на сметка, да. Тоа што поединци сметаат дека можат врз база на нивните бизниси да ја контролираат судбината на градот, и граѓаните јас како градоначалник никогаш нема да дозволам личниот интерес да се стави пред реалниот или општиот интерес-рече тој.
Првиот човек на Куманово рече и дека издавањето на доволата за која што реагира Спасовски, е спорна бидејќи има реакција од јавна институција, во овој случај гимназијата Гоце Делчев.
-Нејзин интерес е загрозен со изградба на еден ваков мегаломански градежен проект, кој претходно не добил согласност од надлежни институции или конректно овие институции кои денеска реагираат и Советот и јас сме доведени во заблуда но за тоа ќе разговарам на една од следните седници каде пред јавноста ќе ги откријам сите документации поврзани со оваа постапка. Но верувајте ми не се работи само за ова се работи само за ова туку други намери кои имаат генерално политички цели. Јас сум тука и сум подготовен во секој момент да одговарам за своите постапки, секого да погледнам во очи, кој за кого бил дарежлив, имам слушнато информации дека во минатото некои луѓе многу биле дарежливи по однос на поединци, и тука во општината и генерално луѓе кои што се активни во политичкииот и општствениот живот но дарежливоста кон мене не ја гледам, јас со тие луѓе ниту едно кафе се немам напиено во животот а не нешто повеќе-дополни тој.
Градоначалникот на Куманово истакна и дека во изборниот период бил обвинуван од пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска и тогашниот противкандидат Оливер Илиевски, за наводна злоупотреба на должност, за што тврди го добил и судскиот спор. Рече и дека пратеничката веќе исплатила дел од материјалното оштетување, но не и Илиевски.
Телевизија Плус веќе упати официјална покана за гостување на градоначалникот Димитриевски но и за сите споменати во емисијата СТАВ, или на начин на кој што тие сакаат, прес конференција или изјава, да ги демантираат обвинувањата.