Потенцијални членови од двете локални акциони групи „Абер 2015 „ и „Осоговски лисец “ утре и задутре ќе ги промовираат своите производи на саемот за Североисточниот плански регион , кој што ќе се одржи во Скопје, во Дизајн центарот Јавна соба. Целта е промоција на сите шест општини и нивните потенцијали за развој на руралните средини, а освен производи ќе бидат промовирани и природните богатства и локалитетите во овој регион. Покрај млекарницата Бучен Козјак, свои прозводи на саемот ќе претстават околу 30 учесници.
-Дел од учесниците се Етно село, Баба цана , Музејот на Крива Паланка, Музеј Куманово, Музеј Кратово, ќе имаме дизајнери, производители на мед и слични такви дејности и фирми, изјави Маја Тасевска, координатор на УСАИД за двата лага
Саемот ќе трае од 12 до 20 часот. Првиот дел ќе биде наменет за промоција, а во попладневите часови ќе се дегустираат јадењата кои што ќе ги приготви истакнат готвач , белгиец со македонско потекло.
– Во попладневните часови ќе учествува Марк Де Јонг каде што ќе приготви интересни кумановски специјалитети и ќе се дегустираат. Ваков саем се организира прв пат од наша страна односно од страна на УСАИД, каде што целта е нашите членови во локалните акциони групи да ги промовираме, да соработуваат меѓусебно, да им помогнеме на било каков начин можеме, се надеваме во понатамошен период дека ќе настапиме и со некоја посериозна соработка со нив, изјави Тасевска.
Настанот е организиран со поддршка од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси . Влезот е бесплатен.